Прво полетало шише кон говорницата, по што настанал вистински хаос во Парламентот на Ерменија.
Во физичката пресметка учествувале пратениците од власта и опозицијата.

Се започнало кога на говорницата бил пратеникот од владејачката партија „Граѓански договор“ Ајк Саркисјан, и го критикувал претходниот министер за одбрана.


