Официјално до 23 август на самопопишувањето на македонската дијаспора се попишале 190.540 лица. Според бројот на лицата во државите во кои се попишале најбројни се лицата од Швајцарија, Германија, Италија, Австрија… Во долниот дел на оваа табела се Австралија, Канада, САД… Македонците од дијаспората се едногласни во оценката дека преименувањето на државата е главната причина за нивната недоверба кон оваа влада.

Според пописот од 2106 година во Австралија живеат 98.444 Македонци. До 23, август на актуелниот попис на Државниот завод за статистика на Северна Македонија се самопопишале 2.518 Македонци. Во Канада таа бројка е 1.688. Проценките на македонските организации во Канада велат дека тука живеат 200.000 Македонци. Само во Торонто живеат околу 40.000 Македонци.
Според Светската банка (2010), бројот на македонски граѓани во прекуокеанските земји, европските држави и други земји изнесува 422.084. Најмногу македонски граѓани се иселиле во Италија (101.536), Германија (99.646), Австралија (93.571), Швајцарија (61.668), Турција (35.308), Србија (25.847)…, велат бројките на Светска банка.
Зошто Македонците од дијаспората не сакаат да се пријават на актуелниот Попис 2021 во Македонија?
Спопред Македонците од Канада и Австалија главната причина за тоа е преименувањето на Република Македонија во Република Северна Македонија. Дел од овие организации во Австралија и официјално го прогласија премиерот Зоран Заев за непожелна личност. Владее целосна недоверба кон оваа власт по сите одлуки на актуелната влада поврзани со условувањата од Грција и Бугарија на евроинтеграцијата на Македонија.
Голем е бројот на Македонците кои имаат југословенски пасош и кои поради комплицираните процедури сѐ уште не дошле до македонски пасош, до матичен број од Република Македонија. Сите овие околности предизвикаа речиси целосен бојкот на радио станиците на македонски јазик во овие земји на објавувањето на државните реклами и повици за попис на населението.
Освен тоа, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи заедно со дел од министрите Албанци во македонската Влада пролетва беа главно насочени кон посети на албанската дијаспора во Швајцарија и Германија и убедувања и уверувања дека е неопходно да се попишат. Такви посети и акции од македонскиот премиер и министрите Македонци речиси и да немаше.
А.Д.
Еве во кои држави најмногу се самопопишаа Македонците кои имаат некаков македонски документ:
Швајцарија 62.466
Германија 43.296
Италија 26.865
Австрија 11.042
САД 8.189
Белгија 4.621
Данска 4.081
Словенија 3.488
Шведска 3.341
Австралија 2.518
Обединето Кралство 2.490
Турција 2.155
Норвешка 1.947
Франција 1.762
Канада 1.688
Хрватска 1.482
Косово 1.151.


