Не е ни масовен убиец, ни масовен силувач, ни масовен педофил. Мета на најновата полициско-медиумска потера во Австралија е дечко кој иако знаел дека има ковид, го напуштил апартманот и згора на сè, кивнал кога се возел сам во лифтот! Постои и снимка од австралискиот Осама бин Ладен.
Ваквиот медиумски фокус е можен ако под тепих го подбутнеш масовниот помор на луѓе, култури и јазици кој се случи во име на тоа цивилизираниот свет да може да брка човек кој кивнал во лифт:
Веќе е клише да се каже дека нешто не се цени додека не се изгуби, но масовниот помор на домородните јазици од Австралија е идеален, речиси лабораториски пример за проучување какви сè последици има тоа врз луѓето и нивните заедници. Во Австралија, домородните луѓе имаат двојно повеќе шанси да имаат некој хендикеп, шест пати повеќе шанси да немаат свој дом и 420% поголеми шанси да биде невработен отколку националниот просек.
ВИДЕОТО ТУКА https://off.net.mk/video/razno/najbaraniot-chovek-vo-avstralija?fbclid=IwAR2F8z6Y7foJR-ZmtjikJj2-zQUvkDALSmtxp_isoE3IVOIUY-gek_G5QhM


