Десет вакцинирани лица заразени со вирусот Ковид 19 хоспитализирани во болницата во Штип

Во штипската модулaрна болница се зголемува бројот на пациенти, кои бараат болничко лекување по влошување на состојбата од коронавирусот. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека денеска во модуларната болница имаат 13 пациенти, од кои 10 се на кислородна поддршка. Битката со вирусот ја загуби 62 годишен пациент од Виница.

Карактеристично е тоа што од 13 – те хоспитализирани пациенти од нив 10 пријавиле дека примиле една или две дози на вакцина. Лекарите аплерираат пациентите веднаш по појавата на први симптоми да се тестираат, со цел навремено да ја добијат терапијата.

Што се однесува до имунизацијата на населението во штипскиот регион во пунктот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ тече без проблеми. Во него дневно вакцина примаат околу 600 пациенти, од кои 250 прва доза. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*