Мал авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава, неофицијално дознава Канал 5. Леталото полетало од Охридскиот аеродром.Не е познато колку лица имало во авионот.
Авионче со 4 патници бугарски државјани исчезна од радарот еден час по полетувањето од Охрид кон Софија, нефоцијално дознава тв 24. Според информациите, македонските служби веќе објавиле почеток на акција за потрага и спасување, бидејќи според протоколите, контролата на аеродромот половина час не успеала да воспостави контакт со авионот. Авиончето е заведено во германскиот регистар и од Охрид полетал во 15 часот.
Официјално, од МВР за тв 24 потврдуваат дека имаат пријава за исчезнат авион од МНАВ и дека е почната акција со хеликоптери.


