Кога на позиции би се поставувале компетентни луѓе стручни со авторитет со знаење стекнато со труд, луѓе кои чесно ќе си ги извршуваат задачите и ќе знаат да се носат со одговорноста која ја имаат, само тогаш можеме да зборуваме за градење на здраво општество за здрав политички систем и доверба во институциите и просперитет на државата.Меритократија е систем на управување или администрација каде обврските се објективно доделени на поединци врз основа на нивните заслуги односно врз основа на нивната интелигенција, способност и образованието, кои се утврдуваат преку оценки или испитувања. Ова е системот во кој сите треба да веруваме за нас за нашите деца ова е патот кон успехот кон градење силна држава се останато е лаги и неуспех.Меритократија сама по себе не е форма на владеење, туку идеологија интелегентен поглед на светот и здравото општетсво владеење на разумот, трудот и човечноста. Критериуми, норми, стандарди, знаење одговорност чесност така се дава и дух за владеење на правото и тоа може навистински да заживее во едно општество кога компетентни луѓе го практикуваат правото нема владеење на правото без луѓе со здрав разум достоинство и морал. За жал во нашава држава се е погрешно и испревртено ,за тоа да се исправи ќе треба многу работа,навистина звучи неостварливо но мора да се обидеме, во спротивен случај зошто ни би ни била потребна државата кога не знаеме да ја чуваме и градиме.
Дејан Грујевски


