Кралицата на лајв концертите оваа сaбота повторно со вас!

Оваа сабота, со почеток од 20 часот бидете дел од лајв концертот на атрактивната Сузана Гавазова. Во најава се бројни музички изненадувања.

Една од најпознатите фолк пејачки Сузана Гавазова, изминатиот период престојуваше во Шведска заедно со нејзиното семејство. Но, по краткиот престој таму таа одлучи повторно да се врати во нејзината родна Македонија. Бидејќи секогаш е неуморна во својата работа, веднаш откако ќе си дојде во Струмица ќе одржи концерт во живо повторно од нејзиниот дом.

Концертот е закажан за оваа сабота, 11 јули, со почеток во 20 часот.

Сузана и овој пат ќе биде придружувана од двајцата маестрални музичари, Ицко Ѓорѓиовски  на клавијатури и Александар Ангелов на дувачки инструменти. Покрај нејзиниот добропознат тим, таа најавува и многу изненадувања за вечерта.

Инаку, концертот ќе се пренесува во живо на Сателитска ИН Телевизија и како и вообичаено, на фан страните на фејсбук, како и на јутјуб.

Не пропуштајте одлична забава заедно со Сузана Гавазова и Пријателите !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*