Белград, 5 мај (Турска новинска агенција)- Според тие кои пребегале од Бугарија во Белград, македонскиот проблем повторно се разгорел во Бугарија. Македонците од Ќустендил, Петрич, Горна Џумаја – Благоевград и Неврокоп – Гоце Делчев (сите блиску до границата со Југославија) и од Момчилград, Крумовград населени со Помаци, се испраќале во северна Бугарија, јужна Добруџа и бреговите на Црно Море. Македонците, кои на оваа постапка гледале со гнев и омраза, сакале да и се приклучат на Југословенската Федеративна Република. За оваа цел, единиците организирани во планините на Бугарија воделе герилска војна против комунистите.Друга причина за незадоволство кај Македонците било одземањето на нивните имоти и земјиштето за колективот. Меѓутоа, во Југославија пак, само имотите со над 30 декари биле предмет на конфискација.Комунистите преземале силни мерки против герилците и Македонците. Надвор од градот Трновo, тие откриле радио станица наменета за одредени групи користејќи ја за анти-комунистички преноси, поставена во една пештера. Во пештерата имало и големо количество оружје и гранати. Како резултат на овој инцидент биле уапсени многу Македонци.



