Во Германија се бараат носачи на ковчези

Uncategorized

Недостигот од носачи на кофчези се закнува да доведе до одложување на погреби во Германија, предупредуваат погребниците. Тие наведуваат дека празнините ги пополнуваат пензионери и ученици, но дека тоа не е трајно решение.

Порано беше вообичаено пријатели или роднини да ја преземаат оваа задача, вели Кристијан Јагер, директор на Здружението на погребници во Северна Рајна-Вестфалија.

Постарите носачи, сепак, имаат свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребалното претпријатие „Вебер“ во Дортмунд. Луѓето денес се многу потешки и, заедно со цвеќињата и ковчегот, шест носачи честопати треба да подигнат 200 килограми.

Во Германија погребалните претпријатија не ангажираат носачи затоа што тоа не им се исплати финансиски, но и поради порастот на бројот на кремирања. По кремирањето урната до гробот најчесто ја носи свештеник или член на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *