Австралијанката Моник Агостино привлече внимание на домашните власти, но и на светските медиуми.
23-годишната Агостино е атрактивна блондинка обвинета за кражба на имот во вредност од околу 60.000 долари, а во само една ноќ на почетокот на ноември минатата година ограбила дури четири локали.
Тогаш била запрена од сиднејската полиција која во нејзиното „мицубиши“ пронашла длето, како и три мобилни телефони од кои на едниот пишувало „сопствеништво на компанијата Линфокс“, пренесува „9Њуз“.
Моник Агостино е активна и на друштвените мрежи, а на Инстаграм ја следат осум илјади корисници. Во описот на профилот се претставува како горда мајка, „Хрватка/Австралијанка“, како и ловец на таленти и претприемач.
Иако е обвинета за низа кражби во Сиднеј, Моник изјави дека не се чувствува виновна.




