Сиљан Мицевски во обвинителство на распит за “Рекет“

После водителката Лила Филиповска претпладневo, во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дојде бизнисменот Сиљан Мицевски, кој во овие моменти дава исказ за случајот “Рекет“, објави Телма.

Пред да влезе во зградата на обвинителството тој на новинарите им кажа дека вторпат доаѓа тука и дека ќе си ги бара парите што ги дал на Меѓународниот сојуз на Боки 13-ка.

„Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз на Јовановски и нормално дека ќе си ги барам назад“, рече бизнисменот Силјан Мицевски.

На 19 август, во обвинителството сведочеше Лилјана Тодоровска, на чија сметка бизнисменот Силјан Мицевски на име на авторски хонорар уплати 720 илјади евра за наводен проект за старски домови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*