Евакуации на Флорида и Северна Каролина поради ураганот Доријан

Гувернерите на Флорида и на Северна Каролина наредија задолжителна евакуација во неколку делови на овие американски држави поради ураганот Доријан кој со ветрови од 295 километри на час го зафати американскиот брег.

Ураганот претходно ги погоди Бахамите нанесувајќи големи штети. Ова е втор по интензитет ураган на Атлантскиот океан од 1950 година.

Пилот на авион на американската агенција Нешнал ошеаник енд атмосферик администрејшн (НОАА) влета вчера во „окото“ на ураганот Доријан. Како изгледа возење низ ураган од петта категорија може да се види на снимката, снимена од пилотската кабина. „Ловецот на урагани“ успеал да се пробие низ многу силниот и опасен виор и да стигне во центарот, во кој е мирно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*