„Не беше нормално дете, знаев дека ќе биде убиец“ – исповед на братот на Хрватот кој уби 7 лица во Австралија

Иван Милат, петтиот син на хрватскиот мигрант Стјепан Марко Милат и Австралијанката Маргарет Е. Пиделстон, веќе на 10 години размислувал како убиец, рекол неговиот брат Борис за австралиските медиуми.

Иван пораснал во семејство со 13 браќа и сестри и имал детство далеку од вообичаеното. Неговиот татко, по потекло од Хрватска, се оженил со Австралијанка, со која имал поприличен број на деца, а животот им станувал се потежок.

Валканос, контејнери како дом и скоро секогаш во рурални краишта, ја одбележале оваа фамилија, велат истражувачите. Таткото работел работи поради кои го немало дома по цел ден, а семејството имало мала продавница каде често работеле и децата.

Во интервју за тамошните медиуми Борис признал дека живееле во константни кавги меѓу таткото и мајката, а уште полошо било што таткото бил алкохоличар кој ја тепал мајка им. Психолошките процеси и кавги ја направиле мајката студена кон децата. Еднаш, признал Борис, го нападнала него со нож.

„Скоро ќе ми ја отсечеше раката“, рекол тој.

Освен секојдневното насилство, децата наместо вообичаени играчки на располагање имале ножеви и пиштоли. Сетоа тоа било нормално за малиот Иван, кој на крајот се 2прослави“ со репутацијата најгрозоморниот сериски убиец во Австралија“. Малиот Иван уште од самите почетоци имал асоцијално однесување што често како последица му носело казни на училиште.

Затоа Борис не бил изненаден од убиството кое го извршил Иван врз7 лица, бидејќи неговиот криминален пат започнал многу порано.

-Тој сакаше да убива упте на 10 години. Тоа беше всадено во него. Имаше поинаква психа. Беше психопат и тоа се манифестираше на него со зборовите „Јас можам се, јас можам се“ – рекол Борис.

Иван сега има 74 години и умира од рак, а во затвор се наоѓа од 1996 година. Никогаш не ги признал своите убиства.

-Беше поприлично нормален до 12,14 години. Од неговите пријатели слушав дека навечер излегувал со мачета. Слушнав дека со неа исекол куче на половина – рекол братот Борис. Во тинејџерските денови почнал со кражби и упади во домови, а обивал и автомобили. Иако добивал казни и завршувал во затвор, не се смирувал.

Суровото убиство на кампери се случило во 1992 и 1993 година, кога биле пронајдени остатоци од три мажи и 3 жени во шума. Се претпоставува дека овие седум жртви ги избрал затоа што биле млади на возраст од околу 20. години и не живееле во близина, па мислел дека никој нема да ги бара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*