Натпреварот одигран во Охрид наместо спортска приказна, заврши со серија сериозни инциденти, откако гостинската екипа тешко го прифати поразот.
Веднаш по последниот судиски свиреж, крилниот играч на Е. Пелистер, Дејан Манасков, физички го нападнал помошник тренерот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски. Иако ситуацијата била ставена под контрола во соблекувалната, настанот официјално е заведeн во полицискиот билтен.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тензиите продолжиле и по натпреварот, при што бил регистриран инцидент меѓу гостинскиот играч Радивојевиќ и тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ.
Кулминацијата се случила подоцна вечерта, кога група навивачи на Е. Пелистер во центарот на Охрид физички нападнале неколку охриѓани. Полицијата работи на целосно расветлување на немилиот настан, а против сторителите ќе следуваат соодветни мерки.
Од надлежните институции апелираат на смирување на страстите и почитување на спортскиот фер-плеј, нагласувајќи дека ваквите однесувања нема да бидат толерирани.

Leave a Reply