Денес, 20 ноември 2025 година, не напушти една прекрасна душа – Небахат Бади Бекир.
Жена со исклучителна харизма, благородност и насмевка што знаеше да го стопли секое срце. Македонската фолк сцена загуби уметница која остави длабока и неизбришлива трага.
Небахат првпат зачекори на сцената уште како дете, негувајќи ја љубовта кон македонскиот и турскиот фолклор. Нејзиниот официјален музички дебит беше во 1985 година, а публиката ја памети по нејзините интерпретации на турски, албански и македонски јазик.
Нејзиниот најуспешен творечки период беше во времето на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија, целосно се посвети на македонската фолк песна. Оствари бројни фестивалски настапи, убави соработки со автори од целата земја, а во 2002 година замина и на турнеја во Австралија.
Во 2004 година стана дел од групата „Грациите“, а само две години подоцна, во 2006 година, го одбележа големиот јубилеј – 20 години на естрадата.
Живееше и твореше во Скопје, оставајќи зад себе дело што ќе продолжи да живее.
Почивај во мир, драга Небахат.
Царство небесно. 🕊️🌹

Leave a Reply