Првата успешна турнеја на музичкото шоу „Имат Немат“ е официјално завршена. Иако ИнТВ и претходно има организирано турнеи во Австралија – сите до една успешни – овојпат турнејата за прв пат беше насловена по популарното музичко шоу „Имат Немат“. Со оглед на реакциите на публиката и огромната гледаност на шоуто, логичен чекор беше да се испроба неговата сила и „на терен“.
Првите четири концерти беа распродадени до последното столче. Првично беа закажани шест настапи, но поради големиот интерес на публиката беа додадени уште два концерти, како и неколку забави.
Екипата на оваа турнеја ја сочинуваа:
Занко Ж., Василија Петрова, Сања Зделар и Благојче Стојановски – Туше, секако предводени од продуцентот на емисијата Ване Петкоски. Организатор на турнејата беше Лаз Наумовски од Мелбурн. На секој концерт низ Австралија, музичарите се менуваа и соработуваа со локални бендови, што даде дополнителна динамика и свежина на настапите.
За следната турнеја, екипата на „Имат Немат“ ветува целосна продукција и група која ќе пристигне директно од Македонија. Шоуто веќе докажа дека е исклучително популарно не само во Австралија, туку и во Америка, Канада и делови од Европа. Веќе постојат прелиминарни преговори за турнеи во неколку европски држави.
Во согласност со тоа, за претстојните настапи ќе биде одбрана екипа составена од најверните соработници на „Имат Немат“, со цел да се понуди уште поголемо и поквалитетно музичко доживување за публиката ширум светот.


Leave a Reply