Во саботата вечер, градот Нукалсл беше преполн со енергија, емоции и македонски ритам! Иако таму живее помалку македонци, музичкото шоу „ИмаТ немаТ“ успеа да ја исполни салата до последно место – нешто што одамна не се памети во овој град.
Публиката уживаше во неверојатната атмосфера и настапите на хумористот Жанко ЗШ, виолинистката Сања Зјелар, Благојче Стојаноски – Туше и Василија Петрови, кои цела вечер ја одржуваа температурата на високо ниво. Македонската песна, смеа и емоции одекнуваа до доцна во ноќта.

Турнејата на музичкото шоу „ИмаТ немаТ“ продолжува и понатаму низ Австралија. Веќе овој петок публиката во Мелбурн ќе има можност да ужива во концертот во македонскиот ресторан „Мистик“, а во сабота спектаклот се сели во Перт, каде се очекува уште една вечер исполнета со македонска гордост и забава.

Leave a Reply