Лудило во Сиднеј и Волонгонг – ИмаТ немаТ ја крена Австралија на нозе!“

Започна долгooчекуваната Австралиска турнеја на музичкото шоу „ИмаТ немаТ“. Првите два концерти, одржани во Волонгонг и Сиднеј, беа распродадени до последно столче. Настапите поминаа во извонредна атмосфера – Занко Ж успеа да ја насмее публиката до солзи, Санја Зделар со својот настап предизвика вистинско воодушевување, а Василија Петрова ја крена салата на нозе. Неповторливиот Туше со своите хитови направи вистинско шоу кое долго ќе се памети.

Турнејата продолжува овој викенд во Мелбурн, каде веќе се распродадени концертите – во петок во салата на „Стрингвил“, а во сабота во ресторанот „Мистик“. Важно е да се напомене дека оваа турнеја е посветена исклучиво на македонската музика и се одржува во македонски ресторани. Секако, екипата на INTV патува со нив за да им го долови на гледачите целото расположение и атмосфера од концертите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*