🎤 Започнува големата Австралиска турнеја на музичкото шоу „ИмаТ немаТ“!

Овој викенд започнува долгoочекуваната Австралиска турнеја на популарното музичко шоу „ИмаТ немаТ“. Првиот настап ќе се одржи во петок, 17 октомври, во Волонгонг, а веднаш следниот ден 18 Октомври – во сабота – шоуто се сели во Сиднеј, во Македонската сала во Рокдал – Илинден.

Дел од екипата веќе пристигна во Австралија, а останатите тргнуваат денес. Од продукцијата на „ИмаТ немаТ“ најавуваат полни и весели концерти, вистинско уживање за нашите Македонци во дијаспората.

Посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат вистинската атмосфера на емисијата во живо, а меѓу концертите, делови од турнејата ќе може да се следат и ексклузивно на INTV и на социјалните мрежи, во форма на видеа и клипови. Организаторите најавуваат дека целата турнеја ќе биде претставена како вистинско реалити шоу!

Ексклузивно откриваме и дел од екипата која ќе ги придружува вокалистите на турнејата:
👉 Влатко Секуловски,
👉 Влатко Гајда,
👉 Ненад Стоименов и
👉 Драган Степаноски.

Со ваква постава и расположение, нема сомнеж дека публиката во Австралија ја очекува незаборавна македонска музичка приказна! 🇲🇰

Oрганизатор на оваа турнеја е ИНТВ ✨

Сите настапи ќе бидат проследени од сателитската INTV, а патува и екипа од IN продукција која ќе ја покрие целата турнеја и ќе ги донесе најинтересните моменти до гледачите ширум светот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*