Имат Немат со јубилејно издание – македонската музика го исполни охридското шеталиште

Синоќа, охридското шеталиште беше центарот на музичките случувања – пред илјадници посетители се одржа јубилејното издание на едно од најгледаните музички шоуа „Имат Немат“. Настанот уште еднаш ја докажа својата вредност и значење на македонската естрадна сцена, обединувајќи генерации на музички уметници и љубители на добрата песна.

На сцената блеснаа околу 26 изведувачи, меѓу кои и врвни имиња од македонската естрада: Елена Велевска, Стојне Николова, Елена Андоновска, Гоце Петрески, Марјан Коцев, Благојче Стојановски, група Чардак, група Оскар, Тоше и Тенуто бенд, Стил бенд, Дани Даниела, Василија Петрова, Сања Зделар, Лазе Јанкуловски, Татјана Стефановски, Игор Бежеаноски, Ташко Каранфиловски, ОК бенд, Петар Дамчески, Анастасија Митровска, Спасе Антевски, Вукица и Екстра бенд, Здраве музик, Лени Партикова, Зорица Дончев и Влатко „Мелбур“ Гајда.

Публиката уживаше во богат репертоар составен од македонска староградска музика, фолк евергрини, но и современи хитови, кои ја направија вечерта незаборавна. Атмосферата беше подгреана со емоции, аплаузи и гордост за македонската музичка традиција.

По завршувањето на официјалниот дел, забавата продолжи во ресторанот „Орфеј“, кој воедно беше и генерален спонзор на манифестацијата. Таму се славеше уште долго во ноќта, во друштво на уметници, гости и пријатели на шоуто.

„Имат Немат“ уште еднаш покажа дека е повеќе од музичка емисија – тоа е движење кое ги негува, промовира и сплотува македонската песна и уметници. Јубилејот беше прослава и на петгодишниот континуитет, труд и љубов кон македонската култура.

За дирекнот пренос се потруди 2с студио .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*