Охрид не е скап – вистината зад вештачката антиреклама

Последниве денови неколку портали објавија написи со бомбастични наслови дека „Охрид претерал со цените“, пренесувајќи селективни примери кои не ја отсликуваат вистинската слика на нашиот најпознат туристички бисер. Но, колку од тие наводи се навистина проверени, а колку се дело на организирана антиреклама?

Факт е – Охрид, како и секоја туристичка дестинација, има различни ценовни категории. Да, во строгиот центар, на прва линија покрај езерото, кафето може да чини од 110 до 140 денари – и тоа е сосема очекувано. Но само неколку чекори подалеку, на втора линија, кафето ве чека за 60 денари, а порција скара за четворица може да се најде дури и за 800 денари. На секоја маса има мени, секоја цена е транспарентна – и секој сам избира каде сака да седне.

Странските туристи одамна ја научиле оваа разлика. Тие бараат и пронаоѓаат ресторани кои се на втората линија, знаејќи дека таму ќе добијат добра услуга по пристојни цени. Така функционира секое туристичко место – од Барселона до Будва, од Ница до Сплит. Па зошто Охрид да биде исклучок?

Затоа, треба да се прашаме – кому му пречи Охрид да биде полн со туристи? Дали овие „објективни“ портали се навистина независни, или можеби зад нив стојат интереси на туристички агенции или други дестинации на кои Охрид им е конкуренција?

Охрид е град со душа, со историја, со уникатна енергија. Да, има места каде што цените се повисоки – но има и доволно избор за секој џеб. Наместо сензационализам, потребна ни е фер слика и поддршка за развојот на домашниот туризам.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*