23 октомври 2024 година, Охрид, Македонија – Верувале или не… Во светот е малку познато дека двеста и две години пред основањето на Болоњскиот универзитет во 1088 година, во Македонија бил основан првиот универзитет во Европа.Во 886 година Свети Климент на Плаошник, ја основал Охридската книжевна школа, позната како Прв Словенски Универзитет. Тука ја усовршува Кириловата глаголица и во негова чест ја нарекува кирилица. Оваа дејност била цврсто поврзана со сестраното христијанизирање, како и со основањето и организирањето на Македонската епископија во Охрид и во областа Кутмичевица.Во Светиклиментовиот Охридски универзитет се школувале околу 3.500 ученици.
Leave a Reply