Тања и Новица промовираа две песни со спотови

Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња вчера вечерта ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба, на која беа промовирани две нови песни.

Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката.

Песната „Љубов ни е име“  сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*