После корона пандемијата во Мелбурн Австралија патува екипа од Македонија да ги забавува нашинците во Мелбурн.Екипата е составена од атрктивната Битолчанка Дани Даниела која последниве две години жари и пали низ Македонија и полека но сигурно е меѓи најбараните фолкерки,друштво ке и прави Игор Андреевски од Велес кој на публиката и стана попознат со неговиот хит Вечна да си Македонија , па потоа следеа уште песни и преработки.Бендот кој ќе ги придружува е Амадеус бенд добро познат на Македонците во Австралија, за првпат овај дочек на новата година ќе биде емитуван на Сателитската ИНТВ . Освен музичарите за новата година ќе присуствува и екипа на ИНТВ. Голем е интересот на нашинците за овај настан и како што дознаваме од организаторите резервациите се при крај и се очекува неколку денови пред прославата капацитетот да биде исполнет до последно место .
Leave a Reply