Спасовски: Полициските службеници не дозволија да дојде до инцидент од поголеми размери

Uncategorized

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска по проследувањето на делот од физичките проверки во процесот на селекција на пријавените лица за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас во изјава за медиумите апелираше протестите да бидат мирни и потврди дека на вчерашниот настан имало доволен број на полициски службеници.

-Полицијата го спречи инцидентот, и тоа поголем број на полициски службеници. Погледнете ги видеата кои беа објавени од медиумите и од нас. Еве само една слика ќе ви покажам, зар ова не е некој што интервенира на лице место? Не треба да дојде до ова секако, и за да не дојде до ова секој еден граѓанин треба да знае дека мирни протести мора да бидат. На никого не му е дозволено да вади огнено оружје, немојте да оправдувате вадење на огнено оружје, можеше да дојде до поголеми последици, рече Спасовски.

Спасовски апелираше и до граѓаните и до политичките субјекти и сите кои учествуваат на протестите да бидат на мирни протести.

-Вандализмот и насилството нема да даде резултати во никој случај, рече Спасовски.

Спасовски потенцираше дека имало доволно полициски службеници кои не дозволиле да дојде инцидент од поголеми размери.

Министерот изјави и дека е уапсено лицето што фрли молотов коктел на Собранието, и дека детали ќе се објават откога ќе се извршат потребните разговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *