Пица доставувач од ДУИ стана заменик-директор на Државна лотарија

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го обвини ДУИ дека се обидува да ги поткупи независните медиуми, и финансира партиски портали со пари на граѓаните. Тој рече дека активист кој доставувал пици за пратениците на ДУИ е именуван за директор на Државна лотарија и со пари од истата финансира портали во служба на партијата, објави Њуз33.тв.

Вознемирувачки се и останатите обиди на оваа партија кои ние ги гледаме од страна, кој цело време се обидува и купува медиуми преку пари на граѓаните, преку луѓе кои до вчера биле пица доставувачи на пратениците на ДУИ, а денеска се заменици директори како во државната лотарија на Македонија и гледате многу портали кои се ориентирани во напад на опозицијата, притоа правејќи им ПР на ДУИ, ќе ги најдите и одговорите за кои медиуми станува збор кои 24 часа се во служба на режимот, на партијата која ја потисна слободата на говорот, и која што продолжува уште повеќе да ја потиснува истата, рече Села.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*