Македонски државјанин се поли со бензин и се самозапали во Белград

Uncategorized

Нешто пред 13 часот маж се запали откако инвеститори дојдоа да му ја урнат неговата барака во Нов Белград, спроти трговскиот центар Делта сити.

Како што дознава Блиц, човекот кој се полил со бензин и се запалил е З.Н., државјанин на Македонија.

Како што пишува овој весник, постара жена, мајка на несреќниот маж, лежи на земја, удирајќи се со камен во ногата и стенка, кажувајќи – „Погледнете што направија.”

Според 24седам, работниците го изгаснале запалениот маж со противпожарен апарат, а потоа продолжиле со демолирање на бараката. Несреќниот човек дошол сам во блиската продавница и молел за помош, а работниците рекле дека глетката била ужасна.

Како што изјавија за 24седам, мажот со ужасни изгореници со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Како што соопшти МВР брзата помош во болница пренела маж кој денеска се здобил со повреди во Нов Белград, за кои се претпоставува дека се здобиени со самозапалување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *