Сопругата на Кастриот не разбрала убаво на француски: Aмбасадорот на Франција порача дека нема датум

Со вчерашното претставување на приоритетите на француското претседателство со ЕУ стана јасно она што и од порано се знаеше дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер, на културен, дипломатски рече дека Франција не се обврзува со временска рамка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Приоритет во следните шест месеви ќе биде  ковид кризата.

Разбирливо е што овде во Македонија се зборува само за членство, но Унијата се соочува со големи предизвици, рече францускиот амбасадор.

Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров по последното вето од Бугарија рече дека и јануари е опција да добиеме датум за почеток на преговорите.

Од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време-оптимист беше Димитров во ноември.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*