На целосно вакцинирани квалификувани работници и странски студенти, им е дозволено да влезат во Австралија, без потреба од формално ослободување за патување. Границите се отвараат за нив, по две години откако границите беа затворени на почетокот на пандемијата
По 22 месеци затвореност, Тасманија повторно ја отвори границата со остатокот од Австралија.
Жителите на Викторија повеќе нема да треба да бидат целосно вакцинирани за несуштинска малопродажба, свадби, погреби и да користат услуги за недвижнини според промените на наредбите за јавно здравје на државната влада.
Дневниот број на нови инфекции со КОВИД-19 во Нов Јужен Велс ,скокна за повеќе од 500, додека државата се подготвува за понатамошни бранови, зашто невакцинирани луѓе сега се слободни да купуваат и да се дружат.
Властите во Нов Јужен Велс потврдија 25 нови случаи на варијантата Омикрон Ковид-19, со што вкупниот број во државата достигна 110.
Моделирањето од Универзитетот во Нов Јужен Велс покажа дека државата може да има 25.000 нови случаи на КОВИД-19 дневно до крајот на јануари, рече министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард.
Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека Омикрон се шири со стапка што „не сме виделе со ниту една претходна варијанта“.
Две дози од вакцината против Ковид-19 на “Фајзер” се чини дека дадоа 70 отсто заштита од хоспитализација во Јужна Африка во последниве недели, откри реалната студија за потенцијалното влијание на Омикрон.