Апасиев вели бојкот, неговите први луѓе во Велес и Штип ПОПИШУВАЧИ?!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев води кампања за БОЈКОТ на пописот што после 20 години се спроведува во Македонија.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Игор Здравковски, на својот фејсбук профил објави документи од кои може да се забележи дека членови на партијата Левица која води кампања за бојкот на пописот, од друга страна учествуваат во процесот како попишувачи.

„Лажнава опозиција од Левица промовира бојкот со паролата #НеОтварамВрата, арно ама не само шо не отварале, они да ти се молеле да им отворат…
Сопругата на кандидатот за градоначалник под реден број 32, братот на кандидат за советник во горните места на листата за Велес под реден број 52, а претпоставувам и други членови се пишале за реонски попишувачи на #ПОПИС2021…
Џабе глумите мачиња, сработете си го договореното и ќутете си…“, стои во објавата.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*