Русин убил тројца и цела недела пешачел за да се пријави во полиција

Русин пешачел една недела за да го признае тројното убиство што го извршил под дејство на алкохол во оддалечено место на далечниот исток на Русија, соопштија локалните власти.

Убиствата се случиле во август, на фарма за ирваси во близина на Хабаровск, соопштила руската истражна комисија.

„Додека пиел алкохол со пријател, човекот се скарал со него и го убил со истрел од пушка, а потоа застрелал две жени на фармата“, се вели во соопштението на истражителите.

Бидејќи местото на злосторството било далеку и немало превозни средства, осомничениот една недела одел пеш до Оотск, каде што во полиција го признал делото. Приведен е мажот, чија возраст и идентитет не се откриваат. Судијата наскоро ќе одлучи дали ќе го задржи во притвор, додаваат истражителите.

Група полицајци го посетиле местото на злосторството, додава комисијата, како дел од истрагата за утврдување на околностите на инцидентот. Вооружените кавги со фатален исход поради пијанство се уште се вообичаени во Русија, и покрај напредокот постигнат во борбата против алкохолизмот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*