Штипјанка заведена како почината, не може да докаже дека е жива за да земе пензија

Штипјанката Драгица Панова два месеци не може да докаже дека е жива, за од Фондот за ПИОМ да земе пензија. Приказната која е бизарна почнува со смртта на нејзиниот сопруг, во јануари.

„Мојот сопруг почина на 4 јануари, и јас сум заведена како почината на 4 јануари, а по кој основ сум заведена како мртва не знам. Од јануари наваму јас немам добиено пензија. Никој не сака да ми објасни што еп проблемот“, изјави Драгица за ТВ Стар.

Од тој момент таа оди од врата до врата со намера да докаже дека е жива и да обезбеди редовен прием на пензијата, но до денеска сите обиди и се неуспешни.

„Во месец март ги исправив документите, и рекоа дека ќе биде. Но отидов да земам пензија и ми рекоа дека нема, истото го рекоа и во април“, вели Драгица.

Во меѓувреме таа живее скромно и за пари се снаоѓа на различни начини во очекување администрацијата да го реши нејзиниот случај.

„Позајмував пари и сега како да ги вратам? Кажете ми што да правам јас без пензија? Ова што се случува е срамота, од жив да те направат умрен и да те остават без денар. Пополнив потврда за живот, рекоа ќе се среди. Кога ќе се среди?“, прашува Драгица.

Од друга страна од Фондот во врска со случајот изјавија: 

„На 24 март испративме известување до Одделението за исплата на пензии во Скопје, од каде повратно побараа документ за лична идентификација и оформен документ за живот, но лицето Драгица Панова до сега не се има обратено кај референтот за права од прв степен да достави лична карта. Доколку се јави, ние ќе го оформиме предметот и ќе го доставиме до Скопје со што нејзиниот проблем се решава“, велат од Фондот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*