Масовна и жестока тепачка на свадба: Не можеле да се договорат околу музиката, па настана хаос (ВИДЕО)

Uncategorized

На свадба во турскиот град Адана настана хаос откако гостите започнаа да се тепаат затоа што не можеле да се договорат околу музиката.

Додека едни се туркаа и тепаа, други фрлаа со столици на сите страни. Како што пренесуваат турските медиуми, невестата и младоженецот доаѓаат од различни региони на Турција, па и двајцата сакале на свадбата да има традиционална музика од нивните родни места.

Диџејот го решил проблемот така што наизменично пуштал различна музика, но очигледно тоа не ги задоволило гостите, па ситуацијата набрзо ескалирала во масовна тепачка.

На крајот морала да интервенира и полицијата, но никој не бил уапсен. Младенците потоа ја напуштиле свадбата, а истото го сториле и нивните гости.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *