Дебатата за ратификацијата на Договорот од Преспа отвори многу прашања меѓу кои и прашањето како Македонија стана грчка. Токму на оваа тема и за ова прашање говореше грчкиот пратеник од Сириза Никос Филос кој ја објасни историјата на регионот на Егејска Македонија и како тој бил хеленизиран од доселениците и преку етничко чиcтeњe на етничките Македонци.
– Македонија не е една и грчка. Грчката Македонија е грчка. Постојат многу Македонии.
Македонии и на другите, кои јасно се одредуваат со Договорот од Букурешт со нашиот потпис, со грчки потпис. Па така, кога слушаме „Македонија е една и грчка“, тоа се сфаќа како иредентизам, рече пратеникот од СИРИЗА, Никос Филис кој објасни дека Македонија стана грчка.

Leave a Reply