15 години ИНТВ – Чуварот на македонската песна и традиција!

Оваа година, во ноември, Македонската музичка сателитска телевизија ИНТВ го слави големиот јубилеј – 15 години постоење! Петнаесет години сме на браникот на македонизмот, со сигнал што допира до секој македонец низ светот. 24 часа македонска музика, култура, традиција и љубов кон татковината! Покрај сите бури, времиња и невремиња, останавме верни на мисијата – да […]

ПОВЕЌЕ

🕊️ Во спомен на Гоце Арнаудов

Денес, на неговиот роденден, со почит и носталгија се сеќаваме на големата легенда на македонската народна музика – Гоце Арнаудов. Гоце не беше само пејач. Тој беше симбол на македонската песна, чувар на традицијата и глас кој со својата искреност и емоција го допираше срцето на народот. Неговите интерпретации беа повеќе од музика – беа […]

ПОВЕЌЕ

👉 Голем настан во Пештани по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, на 28 август 2025 година, во Пештани традиционално ќе се одржи голем настан во организација на Месната заедница Пештани. Настанот ќе се одвива во центарот на селото, а гостите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма со жива музика. За добрата атмосфера оваа година […]

ПОВЕЌЕ

Вукица – фолкерката која со 40 години плени со својот шарм и изглед

Фолкерката Вукица оваа година наполни 40 години, но според многумина изгледа подобро од кога и да е. Со својот шарм, харизма и сценски настапи, таа важи за една од најубавите и најатрактивни македонски пејачки. Вукица е една од најбараните пејачки во источна Македонија, но и пошироко низ целата земја. Заедно со својот Екстра бенд, целото […]

ПОВЕЌЕ

Васко Петровски со „Татково оро“ се врати на македонската сцена

Инструменталистот и професор по класична музика, Васко Петровски, кој веќе осум години живее и работи во Канада, летово се врати во Македонија. Своиот одмор тој го искористи за снимање на видеозаписи со негови авторски инструментални ора. Иако неговата професионална кариера е насочена кон класичната музика, Петровски вели дека македонската народна музика отсекогаш била дел од […]

ПОВЕЌЕ

„Една Желба Имам“ – Песна што остави траен белег на македонската музичка сцена во Австралија

Најистакнатата песна „Една Желба Имам“ со децении го носи епитетот на едно од најзначајните музички дела што ја обележале македонската заедница во Австралија. Создадена од талентираниот автор Васко Коминовски, со музика и аранжман на Љупчо Масалковски, оваа композиција за првпат блесна во 1991 година на Сиднејскиот Фолк Фестивал, каде што Васко гордо ја освои првата […]

ПОВЕЌЕ

Песна на летото во Охрид – блескави настапи и благодарница за Влатко Мелбурн Гајда

Во вторникот на летната сцена во Охрид се одржа уште едно издание на фестивалот „Песна на летото“, кој традиционално ги собира најдобрите изведувачи и ја претставува македонската музичка сцена во најубаво светло. Покрај натпреварувачкиот дел, публиката имаше можност да ужива и во ревијалната програма, која беше вистинско освежување додека траеше гласањето. Настапија повеќе музички имиња, […]

ПОВЕЌЕ

Ташко Каранфиловски повторно со сребро од публиката на „Песна на летото“

На годинешното издание на фестивалот „Песна на летото“, публиката повторно го награди Ташко Каранфиловски со висок пласман – второ место во нивниот избор. Она што го прави ова уште поинтересно е фактот дека истата награда Ташко ја понесе и минатата година, што потврдува дека неговиот стил, емоција и енергија константно го освојуваат срцето на слушателите. […]

ПОВЕЌЕ

Методија Столески ја освои публиката на социјалните мрежи – трето место во новата рубрика на „Песна на летото“

На годинешното издание на фестивалот „Песна на летото“ првпат беше воведена нова и интересна рубрика – избор на најдобрите според гласовите на публиката на социјалните мрежи. Оваа иновативна категорија овозможи љубителите на музиката директно да влијаат врз резултатите со своите лајкови, коментари и споделувања. Третото место, според ова гласање, му припадна на харизматичниот пејач Методија […]

ПОВЕЌЕ

Татјана Лазаревска – второ место од публиката на „Песна на летото 2025“

Во вторникот, на летната сцена на ИН продукција во Охрид, се одржа традиционалниот музички спектакл „Песна на летото 2025“. Во конкуренција на најдобрите изведувачи од македонската естрада, второто место според гласовите на публиката ѝ припадна на фолк ѕвездата Татјана Лазаревска. Татјана, која ова лето е една од најбараните пејачки на домашната сцена, настапи со својата […]

ПОВЕЌЕ