Насилниот инцидент што го потресе Охрид предизвика бројни реакции во јавноста. Случајот предизвика силен револт и осуда, а за настанот се огласи и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој најостро го осуди насилството и побара брза и ефикасна реакција од надлежните институции.
Во својата јавна реакција, Пецаков истакна дека е згрозен и како човек и како градоначалник, нагласувајќи дека Охрид е згрозен од ваквиот настан.

„Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид“, порача градоначалникот.
Тој ги повика надлежните институции да постапат брзо, ефикасно и правично, јавно оградувајќи се од насилството и истакнувајќи дека застанува на страната на правдата и Законот.
Пецаков воедно отвори и пошироко прашање за потребата од законски измени во начинот на постапување и третирање на лицата кои вршат насилство. Според него, повеќе вакви случаи во изминатиот период укажуваат дека е неопходно најитно да се разгледа промена на законската регулатива.
„Насилство не е решение!“, е пораката со која градоначалникот ја заврши својата реакција.
Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста, одговорноста и потребата институциите доследно да постапуваат во секој случај на насилство.
Јавноста очекува институционална разрешница, одговорност и правда за жртвата.