ДУИ прогласи победа во Сарај, Липково, Пласница,

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на прес-конференција кажа дека ДУИ веќе издвојувала победа во три општини, и дека убедливо води во сите други општини каде што има кандидати. „По првиот круг ДУИ победи во Сарај, Липково, Пласница, а има убедлива предност во сите општини во Северна Македонија каде учествува со свои кандидат“, рече Османи.

ПОВЕЌЕ

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Јегуновце, Градско, Сопиште и Могила

Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска кажа дека во четири општини опозицијата има веќе градоначалници, додека во сите скопски општини имаат водство. „Не му беа точни информациите на Заев за Гази Баба каде што рече дека нивниот кандидат ќе победи уште во првиот круг. Во сите скопски општини сериозно води ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните покажаа дека […]

ПОВЕЌЕ

Џафери за обвинувањата дека агитирал: Во моето село бев да изразам сочувство

Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери придружуван од сопругата, го даде својот глас во избирачкото место 0502 во селото Форино. Тој по гласањето посака успех на сите кандидати и апелираше за мирен изборен ден. – Го искористив правот на глас. Засега, процесот тече без проблеми и сè во ред. Апелирам до крајот на […]

ПОВЕЌЕ

Даштевски: Таму каде што ќе се гласа бeз фингерпринтови без одлука на ДИК, ќе има прегласување и одговорност

На штотуку одржаната прес конференција, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, изјави дека според информациите кои ДИК ги добила, на низа избирачки места се престанало со употребата на апаратите за отисоци. Даштевски истакна дека за само шест избирачки места ДИК донела решение за такво нешто, а за сите други места каде тоа е појава, станува бор […]

ПОВЕЌЕ

Го немало на изборен список, па направил хаос на избирачкото место во Скопје

Околу 12:45 часот во СВР Скопје Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во изборниот список истот им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото […]

ПОВЕЌЕ

(Видео) Директорот на затвopoт Шутка нaпaдна гласач

Директорот на затворот во Шутка претходно советник на премиерот Зоран Заев, Филип Андонов попознат по прекарот Соколо попладнево е снимен како напаѓа гласач пред гласачко место. На видеото се гледа како Сокол го тегне гласачот и жестоко го напаѓа по што господинот бега од местото каде е нападнат. Погледнете:Video Player

ПОВЕЌЕ

Изборни нepeгуларности во повеќе градови, привeдени неколку лица

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13.56 часот се до 14.13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје.Од МВР информираат дека се преземаат […]

ПОВЕЌЕ

Вознемирувачко: Млад човек се обидел да се самозапали поради закани од градоначалничката на Могила (ВИДЕО)

Млад човек од општина Могила денес се обидел да си го одземе животот палејќи се со бензин. Како што објаснува неговиот брат, во вознемирувачкото видео, момчето се обидело да се самозапали поради закани кои ги добивал од градоначалничката на Могила. Човекот кој се обидел да се самоубие е татко на две мали дечиња. https://www.facebook.com/100006946307519/videos/1282933908811387/?t=63

ПОВЕЌЕ