Мицкоски прогласи победа: Ви благодарам народе на Македонија!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку статус на Фејсбук објави дека неговата партија победила на локалните избори. -Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!, напиша Мицкоски.

ПОВЕЌЕ

ВИДЕО: Ечи „Едно име имаме“ – ВМРО-ДПМНЕ ја слави победата на Муцунски во Аеродром

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предмалку прогласи победа во Општина Аеродром, каде што кандидат за градоначалник од оваа партија е Тимчо Муцунски. На социјалната мрежа Твитер се појави видео на кое се гледа дека партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се излезени на улиците и со факели во рацете ја прогласуваат победата на нивниот кандидат.

ПОВЕЌЕ

И Босилово слави победа на ВМРО-ДПМНЕ и Манчев

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе се на улица во Босилово каде ја слават победата на кандидатот Ристо Манчев во првиот круг. Иако е рано за официјални резултати, според изворите од партијата, тој е во водство со голема предност.

ПОВЕЌЕ

ВМРО-ДПМНЕ УБЕДЛИВО ВОДИ ВО ШТИП: Јорданов досега 6.996 гласа, наспроти Николов со 4.550 гласови

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Штип. Според резултатите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип кандидатот Иван Јорданов води со 6996 гласови, додека кандидатот од СДСМ Сашко Николов освоил 4550 гласови. Ова се неофицијални информации од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Наскоро поопширно…

ПОВЕЌЕ

СДСМ прогласи победа во прв круг во четири општини

Од владејачката СДСМ велат дека според оние резултати што стигнале до нив, веќе имаат сигурна победа во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово. Резултатите покажувале дека водството на нивните кандидати е убедливо во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево и оттаму веруваат дека е можна победа уште во првиот круг.

ПОВЕЌЕ

ВМРО-ДПМНЕ објави за водство во пет скопски општини и победи на неколку места

Аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најави победа во поголемите скопски општини и неколку големи градови. Оттаму брифираат дека според првичните информации, предност веќе имаат кандидатите во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров и во Бутел. Според брифингот на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници веќе во првиот круг имаат во Јагуновце, Могила, Градско, Сопиште, Петровец. Ова се првични и […]

ПОВЕЌЕ

Јовчески победи со над 4.500 гласови разлика, потоп на СДСМ, се бара оставка од Миле Талески?

Информациите од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека Д-р Борче Јовчески моментално има водство од околу 4.500 гласа разлика во Прилеп. Негов противкандидат беше Горан Сугарески од СДСМ. Останува овие податоци да бидат потврдени во наредните 2 часа и да се знае точната разлика, но се чини дека локалните избори во Прилеп завршуваат во првиот […]

ПОВЕЌЕ

Димовски: Дoбpoвeчep cлoбoднa Македонијо

Добровечер слободна Македонијо! – оваа порака преку својот Фејсбук профил ја објави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. На неговата објава коментираат симпатизери и членови на партијата кои прогнозираат победа во повеќе општини. Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

ПОВЕЌЕ

ГОРИ АЕРОДРОМ: Се слави победата на ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Аеродром. Имено членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром на големо веќе ја слават победата на кандидатот Тимчо Муцунски. Видеото е направено од улиците во Аеродром, погледнете. Наскоро многу поопширно…

ПОВЕЌЕ