Мицкоски: Денеска се слуша гласот на промените, вечерва ќе се радуваме но нема да славиме, од утре на работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва прогласи победа на локалните избори вечерва. Тој кажа дека и покрај сите нерегуларности и притисоци, ВМРО-ДПМНЕ освоиле голем дел општини веќе во првиот круг. „Огромна победа на народот во Македонија, на младите, старите, мажите, жените, христијаните, муслиманите, атеистите, лекарите, земјоделците, уметниците, професиорите. Победи народот, и покрај сите нерегуларности, притисоци, […]

ПОВЕЌЕ

ВМРО-ДПМНЕ со победа во првиот круг во овие 20 општини

ВМРО-ДПМНЕ информира дека извојувале победа во првиот кру од локалните избори, во следниве општини: Аеродром, Велес, Бутел, Виница, Гази Баба, Градско, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Карбинци, Кавадарци, Кратово, Могила, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште, Штип. СДСМ пак прогласи победа во: Делчево, Берово, Богданци, Дојран,Крушево, Кривогаштани, Валандово, Крива Паланка. ДУИ ги освои Липково, Сарај, Пласница, […]

ПОВЕЌЕ

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Штип Јорданов прогласи победа

Иван Јорданов кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Штип прогласи победа уште во првиот изборен круг. Јорданов вели дека разликата во гласовите е 3.000 или победил два спрема еден. Потенцира дека денеска победи народот со пенкало. Во тек е прославата на ВМРО-ДПМНЕ на Градскиот плоштад Слобода.

ПОВЕЌЕ

ВМРО – ДПМНЕ во Битола прогласи победа на кандидатот за градоначалник Коњановски

https://www.facebook.com/watch/Vmrobitola/?tn=F -Битола и битолчани, кажаа Да за промени, ДА за проекти, Да за победа на ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Тони Коњановски. Битола знае да препознае промена вистински квалитет, наспроти неработење и безидејност. Битолчани с еодважија и се спротивставија на сите притисоци, нечесни игри, обидите за поткуп од страна на власта и гласно кажаа […]

ПОВЕЌЕ

ГРОМ: СДСМ НЕ победува во прв круг во Карпош

Граѓанската опција за Македонија, ГРОМ, ги демантира информациите објавени од страна на СДСМ дека победуваат во прв круг во општина Карпош. Медиуми блиски до СДСМ повикувајќи се на извори од партијата веќе го прогласија нивниот кандидат Душко Весковски за нов градоначалник на Карпош, но според ГРОМ кој го има кандидатот Стевчо Јакимовски, таа информација не […]

ПОВЕЌЕ

Димитриевски прогласи победа во Куманово

Од штабот на независниот кандидат Максим Димитриевски соопштија убедлива победа на нивната советничка листа и убедливо водство за градоначалник на Куманово пред вториот круг. „Ова е победа на граѓаните за граѓаните на Куманово. Нашиот концепт е граѓански и тој концепт ќе победи и во вториот круг. Македонија мора да се менува. Куманово секогаш го следи […]

ПОВЕЌЕ

Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ води во Василево

Кандидатот за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, Славе Андонов, од преброените 31,58% гласови води со 869 гласови, или 54,24% наспроти актуелниот градоначалник на ова општина, Марјан Јанев, кој досега има 668 гласови, односно 41,70%. И со листата за членови на Советот на општина Василево, ВМРО-ДПМНЕ е во водство со 839 гласови, […]

ПОВЕЌЕ

ВМРО-ДПМНЕ гo зeмa и Бyтел: Костовски со победа вo пpвиoт кpyг

Според последните податоци, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски издвои победа уште во првиот круг на локални избори 2021 година. Наскоро со подетални информации.

ПОВЕЌЕ

ВМРО-ДПМНЕ ПРОГЛАСИ ПОБЕДИ ВО 16 ОПШТИНИ – водство партијата има во овие 10 општини!

Победа во прв круг опозициската партијата доби во: Прилеп, Кисела Вода, Василево, Кавадарци, Босилово, Кратово, Сопиште, Градско, Новаци, Виница, Пехчево, Могила, Петровец, Карбинци, Илинден и Јагуновце. Во останатите, најголем дел од општините, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат водство пред противникот. Во овој момент водство ВМРО-ДПМНЕ има во Велес, Битола, Штип, Охрид, Кичево, Свети Николе, Аеродром, Ѓорче […]

ПОВЕЌЕ