Кандидатот за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, Славе Андонов, од преброените 31,58% гласови води со 869 гласови, или 54,24% наспроти актуелниот градоначалник на ова општина, Марјан Јанев, кој досега има 668 гласови, односно 41,70%.
И со листата за членови на Советот на општина Василево, ВМРО-ДПМНЕ е во водство со 839 гласови, односно 52,37%, Коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ од преброените 31,58% има освоено 640 гласови или 39,95%, додека советничката листа на ЛДП/ДОМ има освоено 42 гласови, односно 2,62% од преброените гласови.
Извор: ДИК


