Павле Tpajaнов: Во Гepманија не паѓaaт Bлади пopaди пopaз на локални избopи

Во Скопје се води тешка изборна битка во која шансите на актуелниот градоначалник Петре Шилегов се поголеми, но таа не е поврзана со опстојувањето на парламентарното мнозинство и Владата, вели претседателот на Демократски сојуз – Павле Трајанов, во интервју за „Локално“, прашан дали вториот круг на локалните избори ја решава судбината и на Зоран Заев како премиер, а во контекст на искуствата во другите земји со локалните избори.

„Се бираат совети на општините и градоначалници, а не Влада. Дали е пракса во Франција, Германија, Англија, Грција па и во соседните држави, ако се изгубат локални избори да падне влада или претседател? Секако дека не“, вели Трајанов, додавајќи дека Заев во никој случај не треба опстојувањето на Владата да го поврзува со исходот на изборите во вториот круг, бидејќи, посочува, таа порака демотивира.

Според Трајанов, по изборите треба да се направи темелна анализа за слабата поддршка и да се отворат многу прашања, пред сѐ кадровски, па ако треба да се разговара и за предвремени парламентарни избори. Но, факт е дека парламентарното мнозинство е стабилно, категоричен е лидерот на Демократски сојуз

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*