(АУДИО) Независниот кандидат за градоначалник во Прилеп објави АУДИО БОМБИ: Еве како функционери од СДСМ Прилеп вршат предизборни притисоци и се заканyваат

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп адвокатот Жарко Стеваноски од граѓанската иницијатива “Че вреди”, денеска одржа прес конференција за медиуми каде ги обвини раководните луѓе во ОО СДСМ Прилеп за вршење притисок и упатување закани до неговите активисти и кандидати за советници.

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп адвокатот Жарко Стеваноски од граѓанската иницијатива “Че вреди”, денеска одржа прес конференција за медиуми каде ги обвини раководните луѓе во ОО СДСМ Прилеп за вршење притисок и упатување закани до неговите активисти и кандидати за советници.

Во изминатиот период учесниците, поддржувачите и симпатизерите на граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ се систематски подложни на константни суптилни и директни закани од активисти и функционери од огранокот на СДСМ во Прилеп. Дел од советниците од независната советничка листа се повикувани од страна на носители на јавни функции во државни институции со цел да им се врши суптилен притисок за да се откажат или обесхрабрат во намерата да учествуваат во изборниот процес, дел од нив се посетувани по нивните домови и преку суптилни закани се опоменувани на последиците од таквите нивни одлуки. Голем дел од членството на СДСМ во Прилеп кое отворено дава поддршка на граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ е повикувано во партијата, нуден им е поткуп и се убедувани преку најниските форми на клевети кон мене како кандидат за градоначалник во намерата да ги одвратат својот глас да го дадат за една ваква независна опција.

Јас не можев да останам глув и слеп на таквите недемократски партиски активности на огранокот на СДСМ во Прилеп, пред се поради тоа што со најголемиот дел од членството на СДСМ тука во Прилеп рамо до рамо заедно се боревме против такво недемократско владеење.

Ова што денес ќе го чуете а се спроведува како партиска активност во ОО на СДСМ во Прилеп го потврдува фактот дека режимот сеуште не е искоренет, дека партијата е државата и дека партиската машинерија е единствената можност за влез во политиката. Ќе чуете како партиските функционери од јавните установи и локалната самоуправа се ставаат во функција на партиската машинерија, како се кинат сметки за комуналии, како се нудат сезонски вработувања и најтрагично од се како се нарушува човечкото достоинство и правото на слободен избор.

Почитувани довчерашни соборци од СДСМ, ние за ова не се боревме. Ние не дозволивме своето достоинство да биде понижено од режимот на ВМРО ДПМНЕ ниту пак смееме да си дозволиме со него да си поигруваат некои локал партиски пиуни на СДСМ на кои единствена грижа им е како да ги сочуваат удобните директорски фотелји и бенефициите од локалната власт во следните 4 години. Денес ова на најголемиот дел од Вас Ви се случува лично, утре ќе им се случува на Вашите деца. Да не дозволиме нашите деца да израснат без достоинство, без свое јас и да бидат алатка во рацете на било кој локален партиски функционер.

извор: markukule.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*