Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески, преку својот официјален профил на социјалните мрежи објави дека негови гласачи биле изложени на притисоци и закани.
– Ова е таа демократија што ја промовирате секојдневно? За ова се боревме? За ова го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори ? Џабе Ви е се. Граѓаните на Дебрца не се кршливи и плашливи луѓе, пишува Ногачески охрабрувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на притисоците, повикувајќи ги да ги пријават обидите за поткуп за кои е предвидена соодветна кривична санкција.
Ногачески, потсетува дека согласно член 162 став 1 и 2 од Кривичниот законик, давањето и примањето поткуп во врска со остварувањето на избирачкото право е кривично дело за кое се изрекува казна од најмалку пет години.
– И немојте да мислите дека ќе Ве заштити некој. Ако сте заборавиле, нема вечна власт, секоја власт е менлива и минлива, пишува Ногачески.
Инаку тој потсети на инвестираното во изминатиот период, како централно греење во централните училиштата во Мешеишта, Требеништа, извршените зафати како замена на котелот за парно греење во село Лешани, инсталираниот мулти сплит-систем во временото училиште во Волино.
– До крајот на 2021 година ќе инсталираме централно греење во училиштето во Оровник, додека во училиштата во Горенци, Ботун и Издеглавје ќе извршиме замена на постоечките грејни тела со модерни котли на еко-гориво/пелет. Ќумбињата заминуваат во историја, а ние продолжуваме да инвестираме во образованието. Да продолжиме храбро и на 31 октомври заедно да ставиме печат на победата за Дебрца, повикува тој
Ногачески обвинyва дека негови гласачи биле изложени на притисоци и закани
Макрон воведе ковид-пасоши за на тераса во ресторан, Французите излегоа на масовен пикник на улица
Голем број француски граѓани одлучија да изразат протест против одлуката на францускиот претседател, Емануел Макрон, да биде задолжително покажувањето „ковид […]
Марија Пијанманов: Не се замара што ќе вози, затоа што и во Париз си има шофер ги вози
Марија Пијанманов, ќерка на Жан Пијанманов и Константин Плевнеш, син на Јордан Плевнеш во минатото. беа гости во ток шоуто […]
Ништо од авионите: Полскиот претседател се откажа од испраќање на авиони во Украина
Претседателот на Полска, Дуда, во своето обраќање утринава рече дека не е можен трансфер на авионите МИГ-29 во Украина и […]
На концертот за 11 Ноември ќе настапат 22 пејачи,Сите од Македонија ќе чини 32.000 евра и плус 2.500 евра за огномет
Повеќе домашни изведувачи ќе настапат на традиционалниот концерт по повод 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово, кој е […]