КОГА ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА ПОСКАПУВА И ЛЕБОТ, МЛЕКОТО И СИТЕ ДРУГИ ПРОИЗВОДИ, ВЕЛИ ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА

Ова дефинитивно го нарушува животниот стандард на граѓаните, но загрижува и фактот дека овие трошоци ќе се прелеат на крајните производи кои ги користиме, пред се на исхраната.

Ваквите состојби беа очекувани имајќи предвид што се случува во Русија и Украина, прашање е зошто владата во изминатиов период не преземаше конкретни мерки или преземаше нешто погрешно, изјави Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, за „Тема на денот“ на во дневникот Сител, во врска со најновото поскапување од 5,5 денари на бензините и 10 денари на дизелот.

Димитриеска Кочоска истакна дека ова е загрижувачки затоа што ако владата вака продолжи да се однесува може да има и отпуштања од работа додека не се стабилизираат условите.

Состојбата ќе станува подраматична и неслучајно еден од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беше намалување на акцизата на нафтата и нафтените деривати за 50%.

Секој еден економист ова можеше да го предвиди и да види дека ќе дојде ваква состојба. 

Во вакви услови власта требаше да размисли како да ги заштити граѓаните, рече Димитриеска Кочоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*