За време на емисијата „Click Plus“ на ТВ21, каде во живо на дебата учествуваа пратениците на ДУИ и Алијанса, Арбер Адеми и Елми Азири, претставникот на Алијанса истакна дека сериозно размислуваат да го поддржат кандидатот на Беса за Тетово, Биљал Касами, само заради една цел, за да падне Теута Арифи, која како што вели Азири, не заслужува ниту еден глас од граѓаните на Тетово, поради тоа што ништо нема сработено за време на двата мандати.
Веднаш стигна реакција од Алтернатива која е коалиционен партнер на Алијанса за Албанците преку нивниот портпарол Орхан Муртезани, кој пишува „Почитувани, Алтернатива нема да го поддржи Биљал Касами во Тетово“.
После вечерашната дебата на ТВ21, веќе почнаа и јавни калкулации од партиски функционери за тоа кој кого ќе поддржи во Тетово.
