Оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Uncategorized

Скршена таблата на која стоеше испишано името на неодамна отворениот бугарски клуб во Охрид „Цар Бори Трети“.  Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот, вели Димоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *