Таа била директен учесник во егзодусот на Mакедонците од своите огништа во 1949 година. Родена била во село Шештево, Костурско. Како младинска активистка била една од многуте „мајки“ кои биле одговорни за малолетните деца од подрачјата со борбени дејствија во текот на Граѓанската војна во Грција. Минувајќи го патот од село Љубојно, преку Битола и Романија, стигнала во Полска, каде долги години работела како воспитувачка, учителка и педагог на македонските деца. За својата пожртвувана работа била одликувана со највисоки државни признанија и медали во Полска.По враќањето во Република Македонија, Атина Поповска ги претставувала сите мајки на егејската голгота во Президиумот на големиот „Собир на децата-бегалци“ што се одржал во 1988 година во Скопје. Во таа пригода и била доделена честа да го отвори споменикот на Децата-бегалци во паркот жена-борец во Скопје.Од нејзините интимни искажувања била сочинета највисоко наградената радио-емисија со наслов „Децата на мајка Тина“, на авторот Благоја Стоилковски. Со запис на таа емисија, пред многу години и официјално била отворена Касетната продукција на Македонската радиотелевизија.
Жална вест. 🖤🕯 Почина Атина Поповска.
Филипче: Никогаш не сме кажале дека вакцината целосно штити, околу 9% од смртните случаи се вакцинирани
Министерот за здравство Венко Филипче, ја коментираше последните информации околу коронавирусот. Тој кажа дека во последно време не се полнат […]
САД НАРАЧУВААТ ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА ВО ВРЕДНОСТ ОД 300 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Американското Министерство за одбрана ќе и даде на Украина оружје во вредност од 300 милиони долари, соопшти Пентагон. Новиот одбранбен […]
Скандал во Германија: На децата им дале погрешни вакцини против Ковид-19
Неколку деца во Германија случајно примиле вакцини против Ковид-19 на фирмата „Модерна“ која не е одобрена за употреба за нивна […]
Хaoc вo Косово – У6иeни вo мeѓyceбнa пpecмeткa aктyeлeн и пopaнeшeн кaндидaт зa гpaдoнaчaлник oд иcтa пapтиja
Две лица се убиени во синоќешната престрелка во градот Пеќ во западно Косово, а според информациите кои ги објавија домашните […]