Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик министерот се директно одговорни за животите на пациентите во болницата. Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја сокријат објективната вина, негова и на неговите министри. Кој дозволил таква инсталација во болницата и немање на противпожарни апарати?Кој дозволил опасни боци на кислород во необезбедена болница?Кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата? И кој друг ако не министерот, заменикот министер и самата Влада е одговорна за животот на пациентите. Кажете и јавно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора. Како човек ми е тешко што главни теми во нашата земја се нечие отсуство на морал и чувство за одговорност, што се прашања за кои не треба да дебатираме и треба да бидат основни вредности за кои политичарите треба да ги бранат, а не да ги рушат. Јас верувам во мојот народ. Сигурен сум и дека народот знае како да постапи и заедно да ги заштитиме вредностите во кои веруваме и да бидеме силата на промените кои сакаме да ги видиме.
Нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон
Владата го укина ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и дозволи поголема исполнетост на капацитетите
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени […]
Како излета автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ од автопатот Скопје-Тетово
Никој од оние 50 тина патници не ни помислил дека рутинската тура со автобусот на Дурмо Турс до Гостивар ќе […]
ЕСТРАДАТА,ПРОДУКЦИИТЕ,ФОТО ВИДЕО СТУДИА И СИТЕ ЗАСЕГАНАТИ ОД ЗАБРАНАТА ЗА ПРОСЛАВИ СЕ ДИГААТ НАНОЗЕ!
⚠️🎼М И Р О В Е Н П Р О Т Е С Т🎼⚠️ 🤝 „ПОДДРШКА ЗА МУЗИЧАРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА […]
ВИДЕО: Тепачка на популарната плажа – Британци викнале дека се ограбени, па започнал инцидентот
Група британски туристи започнала тепачка на популарната плажа во Барселона. Додека капачите одморале и се сончале, мажите почнале да се […]