Вчера во Штип се одвивала вистинска драма во која главен „актер“ бил еден дедо (84), кој решил да направи мала пауза од лежење во болница.
На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84-годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на Градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата – велат од СВР Штип.


