Демонстранти против ковид мерките го гаѓаа паралментот во Љубљана, полицијата врати со солзавец и водени топови (ВИДЕО)

Uncategorized

Противниците на донесените ковид мерки се собраа на плоштадот во Љубљана, и бараа цела влада да поднесе оставка, а после тоа запалија пиротехнички средства и го гаѓаа парламентот на Словенија.

Полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови.

Демонстрантите имаа две барања: промена на мерките за сузбивање на вирусот, и препорака за распишување на вонредни избори.

Пред протестот организиторите повикаа на мирен собир, но се случил инцидент кога еден од учесниците фрлил со шише врз еден полицаец.

Тогаш демонстрантите запалија факели и почнаа да ја гаѓаат зградата. Имало и навивачи на фудбалски клубови, јавува Н1 Словенија.

Над градот кружи и полициски хеликоптер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *